Skip to main content
Магазин

ВАРДАКС АД: Повторно започнува функционирањето на продуктоводот

06/03/2026  13:54

ВАРДАКС АД ја информира јавноста дека повторно започнува функционирањето на продуктоводот „Вардакс“. Стартот на операциите се случува по завршувањето и соодветната верификација на сите потребни технички, оперативни и регулаторни барања.

Квалификуваните трговски компании кои сакаат да соработуваат и да го користат продуктоводот, можат да се информираат за важечките процедури достапни на веб-страницата на компанијата.