Жителите на скопско Влае вчера, среде бел ден – во доцните пладневни часови, посведочија на нов вандализам на плоштадот Делфина. Околу 16 часот, група од неоколкумина малолетни вандали се изживувала со специјалниот метален контејнер, наменет за складирање на токсичен отпад од батерии, акумулатори и делови од расипани електронски уреди, кои не смеат да се мешаат со обичниот отпад и мораат соодветно да се одложат и складираат со посебна процедура. Контејнерот бил обиен од поодамна, а вчера е целосно руниран, со искинати плакати за неговата намена и расфрлање на токсичниот отпад од него.
„Бандата“ малолетници како дошла, така и заминала, велат очевидци за Курир, кои плашејќи се за својата безбедност не успејале да ги фотографираат младите вандали. Санитарците од општина Карпош, утрото ја санираа ситуацијата.