Skip to main content
Македонија

Уживајте уште некој ден во сонцето и во топлото време – набрзо почнуваат врнежите

22/09/2025  09:28

До 25 септември (четврток) во нашата Република Македонија времето ќе биде без промени, односно останува стабилно и сончево со постепено зголемување на облачноста од среда попладне и навечер (24 септември).

Наутро останува малку посвежо времето а преку ден ќе биде топло со температури кои на повеќе места ќе надминуваат 25 степени или ќе се искачуваат близу 30 степени, а во Повардарието и во Скопскиот регион температурите ќе надминуваат 30 степени.

За време на овој период ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југоисточен правец.

Промена на времето со зголемена облачност, поголем пад на температурите и локални врнежи од дожд ќе имаме од четврток (25 септември) попладне и навечер.