Skip to main content
Хроника

Ужас во Радовиш: 42-годишен маж извршил обљуба врз 77-годишна жена

04/07/2025  15:15

На 02.07.2025 во 17 часот полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.С.(42) од село Злеово, радовишко, поради сомнение нападнал и извршил обљуба врз 77-годишна жена од радовишко.

Против А.С. е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струмица, а од страна на судија од Основен суд Струмица му е определена мерка куќен притвор.