Skip to main content
Свет

Ужас во Хамбург: Осуммина повредени во напад на железничка станица, уапсена жена

23/05/2025  21:12

Вечерва имало напад со нож на главната железничка станица во Хамбург, пренесува Билд.

Според противпожарната служба, најмалку осум лица се повредени, од кои некои потешко.

Една жена е уапсена, но детали сè уште не се соопштени.

Полицијата во Хамбург на мрежата Х објави дека е во тек „голема полициска операција“.

Ова е трет напад со нож во Германија во последните два дена.

Да потсетиме, вчера еден напад се случи во Берлин, а друг во Ремшајд.

Главните извршители на овие напади биле малолетници.