![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2024/10/Srpskapolicija.webp)
Вчера во 19:10 часот Ургентниот центар Гостивар пријавил во полицијата во Гостивар дека кај нив било донесено 59-годишно лице со повреди од остар предмет.
„Според пријавеното, додека спиел во семејната куќа, неговата 21- годишна ќерка, лице со здравствени проблеми, со остар предмет му нанела повреда, информира СВР Тетово.Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР.