Skip to main content
Хроника

Ужас во Битола, 68годишен маж силувал 12годишно девојче

21/09/2025  14:45

На 21.09.2025 во 01:45 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.С.(68) од Берово со престој во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело по чл.188 ст.1 „полов напад на дете кое не наполнило 14 години” од КЗ. Според пријавеното, тој го сторил делото во хотел во Битола врз 12-годишно девојче. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.