
Во Здравствениот дом во Белград, во петокот вечерта, дошла М.М. (40) која тврди дека нејзиниот син (14) бил претепан од негови врсници.
Неофицијално, малолетникот рекол дека бил во куќа во населбата Белегиш со двајца другари, но дека тие го претепале – со раце и со нозе.
Лекарите случајот го пријавиле во полиција.
Како што пишува Телеграф, малолетникот во придружба на неговата мајка бил испратен во детската клиника.
Полицијата наредила мајката да дојде во полициска станица за да поднесе кривична пријава, но и да донесе лекарска потврда за повредите.