
Од Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта информираат дека поради врнежи од снег утринава се воведени забрани
-Од 06.50 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар
-Од 06.50 часот поради врнежи од снег се воведува забрана нза сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.
Од 07.40 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

