
Краткотраен, но силен земјотрес утрово во 04:35 часот е почувствуван во Охрид и регионот.
Според првичните информации земјотресот бил со магнитуда од 3,8 степени на длабочина од 10 километри, со епицентар на 9 километри североисточно од Охрид.
Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.