Skip to main content
Македонија

Утрото студено, преку денот претежно сончево

20/03/2025  07:33

Утрото студено, преку денот времето ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.