
Ѓумбирот е хит суперхрана на социјалните мрежи, но овој егзотичен корен долго време се користи во традиционалната кинеска, ајурведска и јапонска медицина. Ѓумбирот е една од најстарите билки и лековити растенија, а денес е незаменлив дел од медицината и готвењето.
Но, што го прави ѓумбирот толку магичен?
Горчливо-зачинетите состојки на гинџерол и есенцијалните масла содржани во овој корен имаат антивоспалителни и прочистувачки својства, па дури и ја ублажуваат болката. Затоа, како утринска напивка, наместо многу популарната вода со лимон, се препорачува да пиете напиток од ѓумбир, бидејќи придобивките се многу побројни.
Рецепт за напиток од ѓумбир
Состојки: 1/2 шолја свежо цеден сок од лимон, 1 шолја свежо цеден сок од портокал и 55 грама свеж ѓумбир.
Подготовка: 1. Се препорачува да се користи органски одгледан ѓумбир, бидејќи тогаш не треба да се лупи. Ако не сте во можност да најдете органски ѓумбир, тогаш едноставно излупете го свежиот ѓумбир и исечкајте го на парчиња.
2. Сите наведени состојки се ставаат во блендер и убаво се мешаат.
3. Добро процедете го напитокот низ ситно сито и исцедете ја целата преостаната течност од пулпата .Можете да додадете малку мед како засладувач.