Skip to main content
Скопје

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај

30/01/2026  11:19

Поради протестниот марш „Стоп за Цементара“, утре во централното подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, маршрутата на движење започнува пред Владата на булевар „Илинден“, продолжува десно по булевар „ВМРО“, по што учесниците ќе се движат по улица „Васил Главинов“, потоа „Димитрие Чуповски“ и „11 Октомври“, сѐ до Собранието. Маршот ќе заврши на улица „Филип II Македонски“, пред Министерството за животна средина