Skip to main content
Свет

Утре во Истанбул уште една американско-руска средба

26/02/2025  12:44

Делегации на Русија и САД утре во Истанбул ќе одржат уште една средба, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Двете страни ќе разговараат за прашањето за повторно отворање на меѓусебните амбасади, јави турската агенција Анадолу, повикувајќи се на изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

За потсетување, првите преговори меѓу делегациите од Руската Федерација и САД се одржаа на 18 февруари во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а беа посветени, меѓу другото, на завршување на руско-украинската војна.