
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со слаб ветер, а долж Повардарието умерен од југоисток, соопшти УХМР.
Во Скопје се очекува променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисток. Во текот на седмицата времето ќе остане променливо облачно, а од среда се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе има снег. Температурите постепено ќе се зголемуваат, а во среда ќе дува засилен ветер од југоисток.
