
Според информациите од надлежните, утре се предвидени планирани прекини на снабдувањето со струја во следните делови на Скопје и околината:

Сарај
Прекинот ќе трае од 08:00 до 15:00 часот во с. Крушопек и делови од Сарај (кај Општината и рекреативниот центар Сарај).
Сопиште
– Ул. 10 – од 09:00 до 12:00 часот
– Дел од ул. 134 – од 09:00 до 12:00 часот
Карпош – Скопје
Прекин од 09:00 до 15:30 часот на дел од улиците Иван Цанкар и Вангел Дину.
Центар – Скопје
– Ул. Ленинова (кај КФСМ) – од 10:00 до 13:00 часот
– Бул. Партизански Одреди (кај зградите на Зегин и Академска Книга) – од 10:00 до 13:00 часот
– Ул. Стефан-Јакимов Дедов – од 10:00 до 13:00 часот
– Ул. Владимир Полежиновски – од 10:00 до 13:00 часот
– Куќите над полициската станица Водно кон Средно Водно – од 12:00 до 15:00 часот
– Дел од МВ Шербетница, Општина Центар – од 12:00 до 15:00 часот
Од надлежните апелираат граѓаните навреме да ги завршат обврските што зависат од електрична енергија и да преземат мерки за заштита на електронската опрема.