Skip to main content
Македонија

Утре одлука на Таравари: Останува во Вреди или сам ќе трча на локалните избори

14/04/2025  16:28

Таравари утре вечер на партиски состанок ќе одлучува дали ќе остане во коалиција заедно со Меџити, Касами и Ибраими или пак, ќе има самостоен настап на локалните избори. Во секој случај, за Таравари барем јавно, опција не е никаква соработка со опозиционерот Ахмети.

MK Summit

Ова ги враќа на почеток превирањата во Вреди откако во петокот по лидерски состанок на колицијата беа испратени смирувачки тонови дека работни групи на Демократско движење, Алијанса, БЕСА и Алтернатива ќе ги пеглааат разликите и ќе одредат кому што припаѓа од колачот за локалните избори.

Меџити и Касами веќе отворено застанаа зад опцијата за заеднички настап на Вреди на локалните избори бидејќи тоа ќе значи обединување на гласовите и поголем број на градоначалници и советници во однос на ДУИ. И двајцата испратија порака дo Таравари побрзо да олучи на чија страна e особено по информациите дека разговара со ДУИ за поддршка во некои ошштини. Дополнително, Касами и викендов со порака дека „секој што ќе излезе од групата ризикува да го изеде волкот“.

Ако Таравари се одлучи за самостоен настап, тоа ја отвара дилемата дали Вреди ќе прифати тој да биде втор албански партнер во Владата на Мицкоски. Имено, Меџити веќе коментираше дека во тој случај контрадикторно ќе биде Таравари да остане во Владата бидејќи таму ќе треба да ги испорачува барањата на Ахмети.