Skip to main content
Живот

Утре не правете го никако ова, а ова е за благодат – го славиме заштитникот на македонскиот народ

07/12/2025  18:43

Роден во Рим, од царски род. Неговата мајка и двајца браќа, патувајќи по море, биле разнесени од бура во различни правци; а таткото, тргнувајќи да ги бара, исто така исчезнал. Кога Климент имал дваесет и четири години, тргнал на Исток во потрага по своите родители и браќа.

Во Александрија го сретнал апостол Варнава, а потоа му се придружил на апостол Петар, чии следбеници биле токму неговите двајца браќа, Фаустин и Фаустинијан. По Божја промисла, апостол Петар најпрво ја нашол Климентовата мајка, која била веќе старица, а потоа и таткото. Така семејството повторно се соединило и сите, како христијани, се вратиле во Рим.

Климент останал крај апостол Петар до неговата смрт, а апостолот го ракоположил за епископ.

Неговото дело и страдања
Со силна ревност управувал со Божјата Црква и секојдневно привлекувал голем број неверници кон верата Христова. Одредил седум брзописци кои ги запишувале житијата на мачениците што во тоа време страдале за Господа.

За време на царот Трајан, Климент бил прогонет во Херсон, каде што затекнал околу две илјади протерани христијани кои работеле тежок каменорезнички труд на место без вода. Верниците го примиле со огромна радост, а тој станал нивен извор на утеха.

Со молитва, извел вода од земјата и обратил многу незнабошци во христијанство, толку многу што за само една година таму биле изградени 75 цркви.

Поради неговото ширење на верата, бил осуден на смрт. Го врзале за камен и го фрлиле во морето. Неговите чудотворни мошти биле извадени дури во времето на светите Кирил и Методиј.

Обичаи и народни верувања
Св. Климент важи за заштитник на учениците, учителите, писменоста и сите што се занимаваат со духовна или интелектуална работа.

Во словенските народни преданија се вели дека „ако денес се помолиш за чист ум, Господ го услишува преку светителот“.

Поради тоа што голем дел од својот живот Свети Климент го поминал во маки, затвор и страдање,постои верување дека на овој празник не треба да се земаат во раце ножеви и други остри предмети, „за да не се повредат раните“ на Свети Климент.

Празникот на светителот и просветител, е поволен за довршување пишана работа, учење, прегледување документи, започнување духовно или образовно студирање.

На утрешниот ден се помага на сиромашни и болни. Свети Климент бил милосрден, па кај народот постои правило: „Кој на Св. Климент ќе помогне на сиромав, цела година ќе оди по благослов“.

Дури и мало дело – храна, облека, лекови се смета за правење чест кон светителот.

Родителите ги благословуваат децата за учење на утрешниот ден. Меѓу обичаите се задржало: да се прекрсти детето, да се прочита кратка молитва и да му се посака мудрост и добра мисла.

На денот на светителот не се пцуе, не се расправа и не се изговараат тешки зборови. Овој ден се смета за „мек“ ден, односно, ден на добри зборови.

Во старите списи пишува: „На ден учителев да нема карање, за да не се помрачи умот“.

На утрешниот ден не се прави ништо што носи раздразнетост, односно, треба да се избегнува: брзање, непланирани патувања, нагли промени зашто се верува дека тоа носи ментален замор.

Не се оставаат книги на подот или под маса. Книгите, особено на денот на светите учители, се сметаат за свети предмети, па затоа се вели: „не ја обезсветувај книгата“. На овој ден тоа се смета за посебна непристојност.

Не се навредуваат учители, стари лица или духовни лица Народното правило гласи:

„Кој на денот на учителот ќе навреди стар човек, годината ќе му биде непослушна“.

Иако не е црвено слово, традицијата советува да се избегнува тежок физички труд и средување на домот. Денот треба да се помине со семејството и пријателите, во благодарност и почит кон животот и делата на свештеномаченикот Климент.

Моќна молитва кон Свети Климент
О, свети свештеномачениче Клименте,
верен ученик на апостолите и непоколеблив столб на Христовата Црква, кој со мудрост и смирение ги собираше расеаните, а со молитва вода извлече од камен прими ја и нашата молитва денеска.

Ти, што ги тешеше прогонетите и за правдата страдаше, моли Го Милостивиот Господ да ни подари трпение во неволја, сила во искушение и вера што не се колеба.

Застапи се за нас пред престолот Божји: да ни се просветлат мислите,
да се исцелат раните на душата,
да ни се отвори патот кон мир, љубов и вистина.

О, добар пастиру и мачениче Христов,
чувај го нашиот дом, нашето семејство и нашата татковина,
и води нè кон Царството небесно,
каде што со ангелите се слави името Господово во вечни векови.

Амин.