Skip to main content
Македонија

Утре мирен народен собир со почеток од Плоштад Македонија за поддршка на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија

30/05/2025  10:55

Утре на 31-ви Мај (Сабота) од 12 ч. ќе се одржи мирен народен собир на плоштад Македонија во Скопје каде ќе остане 30-тин минути и потоа поворката ќе продолжи мирно до Црквата Св. Георгиј во Криводол пред резиденцијата на Архиепископот г.г. Стефан во Кривидол, под мотото ,,Гласот на народот – глас на Бога”.

Верниците на МПЦ-ОА од неколку градови во Македонија, организираат мирен собир со цел поддршка за предлог на епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија. Тие исто така повикуваат на одговорност поради начинот на избор за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

Верниците се зачудени како Архиепископот со еден кандидат како предлог прави избор?! Избор! Меѓутоа, за да има избор треба да предложите повеќе кандидати!? Избор со еден кандидат е парадокс, а тој кандидат не е Викарниот Епископ Антаниски со 30 години монашко искуство!, стои во апелот на Православно секојдневие.