Skip to main content
Скопје

Утре и задутре посебен сообраќаен режим во Скопје

30/03/2026  13:53

На 31.03.2026 и 01.04.2026 (вторник и среда) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Црна Гора, Н.Е. г. Јаков Милатовиќ.

Од  тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР.