
Утре ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи.
Во петок и сабота времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег.
Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.