Skip to main content
Скопје

Утре без струја дел од корисниците од две улици во Кисела Вода

07/03/2025  19:02

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре (8 март) без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Саса во Пинтија и ул. Христо Татарчев во Општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Саса во населба Пинтија, а од 9:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, подулица бр. 13.