Skip to main content
Македонија

Уставните промени се последниот чекор кон ЕУ, порача Фон дер Лајен

15/10/2025  18:33

Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК,по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, порача дека Европската унија целосно ја поддржува Македонија на нејзиниот пат кон членство, но и дека последниот предуслов за отворање на преговорите е усвојувањето на уставните измени.

„Целосно стоиме зад Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Можете да сметате на нас. Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен – треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е кај вас. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х по средбата.

Претседателката на Европската комисија истакна дека, додека се чека на политичкиот исчекор од Скопје, Унијата веќе ги приближува граѓаните на Македонија кон европскиот пазар и технологии.

„Во меѓувреме, го приближуваме вашиот народ кон нас. Тоа е суштината на Планот за раст! Отвораме AI Factory антена во Скопје, ја вклучуваме земјата во Европската зона за единствени плаќања, и исплаќаме **16 милиони евра благодарение на спроведените реформи“, напиша фон дер Лајен.