
Основниот кривичен суд Скопје изрече условни затворски казни за А.Н. и М.К., двете лица кои на 9 јули годинава ја нападнаа новинарската екипа на телевизијата Алсат додека известуваше за големиот пожар на дивата депонија во скопската населба Визбегово, пренесе Радио Слободна Европа.

Новинарите биле нападнати додека информирале од терен за сериозното загадување на воздухот предизвикано од пожарот.
И двајцата обвинети го признале делото и ја прифатиле обвинителната постапка. А.Н. доби условна казна затвор во траење од три години, а М.К. една година и три месеци условно. Доколку во наредниот период ја прекршат условната казна, ќе се соочат со ефективна затворска санкција.