
Основниот суд од Битола му изрече условна казна на познатиот битолски хирург М. С. (64), кој на 27 јануари годинава по извршена операција на жолчно кесе кај пациентка во Клиничката болница во Битола примил мито од 150 евра. На судската расправа обвинетиот хирург за примање мито признал вина. Од Основното јавно обвинителство во Битола соопштија дека е поднесена жалба на пресудата и се чека одлука од Апелациониот суд од Битола, објави СДК.мк.
Според соопштението од Обвинителството, хурургот на 27 јануари, како лице кои вршело работи од јавен интерес, односно како доктор-хирург на Одделението за хирургија при Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола, извршил интервенција – операција на жолчно ќесе врз пациентка, а потоа индиректно, преку сведок, побарал од синот на пациентката да му даде пари во износ од 150 евра за да се почестел за извршената работа. Синот следниот ден во просториите на болницата, во плик му дал на осомничениот три банкноти од по 50 евра. Откако осомничениот ги примил, му бил извршен претрес и овластени службени лица од СВР Битола ги пронашле и одзеле парите. По ова, тој беше уапсен од страна на СВР Битола во просториите на Битолската болница, по што му беше изречен притвор прво од осум дена, а потоа продолжен за 30.
Целиот текст на Сакам да кажам со клик ТУКА.