Skip to main content
Македонија

Уште тројца повредени од пожарот во Кочани се пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш

27/03/2025  17:50

Уште тројца пациенти, повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани, од Универзитетскиот клинички центар на Србија се испратени во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Двајцата мажи и една жена се испратени од УКЦ во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот за пластична и реконструктивна хирургија.

Шест лица повредени во тој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во нишкиот клинички центар. Четворица мажи и една жена се на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, додека еден пациент се уште е на Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезија и интензивна терапија“, соопштија од Клиничкиот центар во Ниш.