Skip to main content
Македонија

Уште пред неколку години имало предлог да и се одземе лиценцата на “Пулс” – 5 месеци подоцна повторно е издадена

31/03/2025  15:25

Од полициските редови, досега има само 7 осомничени за дела поврзани со кабарето во Пулс, а никој од началниците кои биле на функција кога се случи пожарот досега не е осомничен за пропустите.

Во саботното издание КОД откри дека во полициските архиви уште во ноември 2022-ра е доставена проблемска информација за инцидентите, кривичните дела и прекршоците кои се поврзани со кобното кабаре Пулс.

Во таа полициска проблемска информација имало и предлог да се одземе лиценцата на кабарето – но 5 месеци подоцна повторно е издадена.