Skip to main content
Економија

Уште не пристигнале среќни вести од САД, вели Мицкоски за царините

07/04/2025  12:00

Премиерот Христијан Мицкоски очекува многу скоро да се корегира одлуката на САД за зголемувањето на царините кон земјава, но среќните вести се уште не се пристигнати.

– Не се се уште. Процесот е сензитивен, не би откривал ништо, кога ќе се заврши се ќе излеземе во јавноста со детални информации.

Мицкоски е убеден дека очигледно станува збор за некаква грешка или погрешна информација и дека после преговорите со владата на САД таа грешка ќе се поправи.

– Ние работиме со нашите партнери, САД и очекувам многу скоро да се корегира ова кое што очигледно е резултат на некаква грешка или погрешна информација, имајќи предвид дека лани нашата трговската размена со САД беше во негатива, односно сме во дефицит, а тие држави што се во дефицит немаат ваков тип зголемување на давачките.

Сега се споредуваат податоците, во контакт сме со Амбасадата, со Министерството за економија и со Кабинетот на Трамп, а тоа беше дел од разговорите и на Муцунски и државниот секретар Марко Рубио во Брисел, така што во периодот очекувам да се излезе од оваа состојба.

Според Мицкоски, од зголемените царини можеби поголеми ќе бидат секундарните eфекти, а не директните кои Македонија ги има на билатерално ниво со САД.

– Доколку земјите од ЕУ не успеат да го надминат сето ова со САД,  тогаш ефектите би биле многу поголеми отколку сега примарните кои ние ги имаме директно, на билатерално ниво со САД, напомена премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за зголемувањето на капитациоскиот бод на матичните лекари.