Skip to main content
Македонија

Уште една смрт поврзана со случајот „Пулс“ – почина осомничен полициски службеник

13/10/2025  14:56

Главниот инспектор за сообраќај во Кочани, Владо Петров, првоосомничен во случајот „Пулс“ за наводни неправилности при увид на лице место при издавање на дозвола за паркинг, синоќа почина.

Според информациите на Инфомакс, Петров починал од срцев удар, најверојатно како резултат на огромен стрес, имајќи го предвид делото кое му се ставаше на товар. Тој беше дел од првата група осомничени полициски службеници, бидејќи дал потпис за согласност за паркинг пред дискотеката.

Сепак, останува фактот дека на денот на трагичната несреќа, 16 март 2025 година, дискотеката „Пулс“ немала валидна ниту важечка дозвола и работела целосно на диво.

Доколку се земе предвид и возачот на Брзата помош кој почина ден по несреќата од синдром на скршено срце, како и смртта на Петров кој не го дочека обвинението, ова претставува 64-тата жртва поврзана со случајот „Пулс“.

Инаку, Владо Петров веќе неколку години беше во пензија.