Skip to main content
Балкан

Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

05/06/2025  11:07

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран утрово во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.

Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.