Skip to main content
Хроника

Уште две жртви на измама со лажни сообраќајни несреќи во ист ден – украдени речиси 4 илјади евра

11/04/2025  13:12

На 10.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 74-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од околу 2.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете–мигрант и доколку не сака тие да лежат во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако се вратила во домот и го видела нејзиниот син сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така вчера, на 10.04.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје, 86-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од околу 112.000 денари. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете-мигрант кое починало и доколку не сака таа да лежи во затвор требало да плати. Како што е пријавено, таа парите што ги имала во домот ги ставила во кеса и ги фрлила од балконот, како што и посочило лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот