Skip to main content
Македонија

Уште две деца пријавиле повреди во Градската болница од опасниот Тик-Ток предизвик

16/12/2024  18:49

Девојка со повредени прешлени на ‘рбетниот столб завршила на болничко лекување во болницата „Наум Охридски“ поради повреди предизвикани од Тик Ток предизвикот Супермен, потврдуваат од болницата за Канал 5.

Исто така викендот со повреди на зглобовите на рацете бил примен ученик кој го го имал прифатено опасниот предизвик. Директорот вели дека овој предизвик може да остави и доживотни последици зависи од ударот при падот.

И покрај апелите и од докторите и училиштата, учениците опасниот предизвик го практикуваат и надвор од училиштата. Предизвикот е како група на ученици го отфлраат од нивнте раце ученикот кој по скокот треба да падне на нозе. Најчесто децата завршуваат со повреди на рацете, нозете и главата.