Skip to main content
Спорт

УС Опен: Синер стартува против Чехот Коприва, Ѓоковиќ против Американецот Тиен

22/08/2025  09:12

Најдобриот светски тенисер, Италијанецот Јаник Синер ќе ја почне одбраната на титулата на УС Опен против Чехот Вит Коприва, одлучи вчерашната жрепка во Њујорк.

Рекордерот со 24 освоени грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ за прв противник ќе го има домашниот тенисер Лернер Тиен.

На женскиот турнир, најдобрата светска тенисерка и бранителка на титулата во Њујорк, Арина Сабаленка од Белорусија ќе стартува на УС Опен против Швајцарката Ребека Масарова.

Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 24 август до 7 септември во Њујорк.