Урош Блажиќ на 23 декември во Вишиот суд во Смедерево бил сослушан од судијата за извршување на кривични санкции на тој суд, потврдија од Вишиот суд во Смедерево.За околностите на повредите тој беше сослушан во Окружниот затвор во Смедрево, каде се наоѓа во притвор.
Блажиќ се здобил со полесни повреди, според лекарскиот извештај од 16 до 19 декември. Според неофицијални информации, тој во знак на протест поради тоа што управата на затворот наводно не презела соодветни мерки за негова заштита, тој започнал штрајк со глад.
Не се познати околностите како бил претепан Урош Блажиќ и кој го направил тоа.