Skip to main content
Свет

Урбаноиќ: Најголема потреба во Украина се генератори и обнова на електростаници

24/02/2026  22:23

Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“ во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека најитно за украинските граѓани во време на војната е обезбедувањето струја.

„Најпотребно беше кога Украина целосно остана без струја. Имаше најголема потреба за генератори и за обновување на станиците кои произведуваат електрична енергија, за делови кои беа уништени“, рече Урбаноиќ.

Тој потенцира дека многу цивили биле директно погодени од уништувањето на инфраструктурата, кое, како што оцени, било цинично и намерно насочено кон цивилното население.

„Не зборуваме за војници, туку за буквално уништување на електростанции за да цивилите останат без струја“, додаде Урбаноиќ, истакнувајќи ја сериозноста на ситуацијата за нормалното функционирање на украинските градови.