Skip to main content
Свет

УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран

20/06/2025  17:19

Високиот комесаријат за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) се подготвува за прифаќање на големи број бегалци од Иран поради судирот со Израел.

– Подготвуваме кризни планови за раселување во Иран и во соседните земји. Сè уште ги немаме објавено бидејќи немаме доволно информации и чекаме да видиме како ќе се развива ситуацијата, изјави директорот на УНХЦР, Филипо Гранди.

Според непотврдени информации во Ерменија, Азербејџан и во Туркменистан веќе пристигнуваат луѓе кои бегаат од Иран,

Претпоставувам дека тоа се луѓе од градовите, кои имаат одредени средства и можат брзо да побегнат од бомбите. Досега ниту една држава не побара помош од УНХЦР, посочи Гранди, додавајќи оти Иран е засолниште за голем број бегалци.

Во Иран живеат околу 3,5 милиони луѓе од Авганистан.