Skip to main content
Свет

Унгарија одбива да го спроведе пактот за миграција на ЕУ

10/12/2025  19:07

Гергели Гуљас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер, потврди дека Унгарија нема да го спроведува новиот пакт за миграција на Европската Унија. Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ неодамна договорија механизам за солидарност, кој предвидува распределба на мигранти меѓу земјите-членки или финансиска и материјална замена за оние што не сакаат да примаат бегалци.

Пактот треба да стапи на сила во јуни 2026 година.

„Нема да го спроведеме пактот за миграција. ЕУ нема овластување да одлучува со кого треба да живеат Унгарците“, изјави Гуљас, повикувајќи се на референдумот од 2016 година кој го отфрли обидот за присилна распределба на мигранти.

Унгарија со години е во конфликт со Европската комисија поради рестриктивната политика за азил, а Судот на правдата на ЕУ ја казни земјата во 2024 година за кршење на законот за азил. Комесарот за миграција на ЕУ, Магнус Брунер, изјави дека учеството на Унгарија би било корисно за европскиот систем за миграција и азил, но истакна дека сите земји мора да ги почитуваат одлуките на Унијата.