Skip to main content
Спорт

Унгарија го победи Катар, Македонија нема да игра четвртфинале

25/01/2025  19:52

Унгарската ракометна репрезентација во последното коло од втората фаза на натпреварувањето ги совлада избраниците на Катар со 29:23 (12:12), со што заедно со францускиот тим се пласираа во четвртфиналето.

Овој епилог ја растажи Македонија, која сега треба да игра против Франција без императив, а таква е и ситуацијата со нашиот вечерашен противник, кој досега не ја почувствувал горчината на поразот во натпреварувањето.

Пласман во четвртфиналето веќе обезбедија селекциите на Данска, Германија, Франција, Унгарија, Португалија и Бразил, а единствената дилема е во групата 4 каде за двете места во нокаут-фазата ќе се борат Хрватска, Египет и Исланд.

Сите три екипи имаат по шест бода. Исланд игра против Аргентина, Египет против Зеленортските Острови, а Хрватска против Словенија.