Skip to main content
Свет

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

24/02/2025  22:26

Унгарија ќе направи се за осигура дека Брисел и европските претставници нема да го спречат руско-американскиот договор со кој би се постигнал прекин на огнот во Украина, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Сијарто нагласи дека Унгарија нема да се согласи на нови испораки на оружје за Украина во вредност од десетици милијарди евра или на продолжување на санкциите против руски поединци.

„Три години им пркосивме на притисокот, три години не дозволувавме да не туркаат во нивната воена политика, сега ќе издржиме“ порача Сијарто.