
Кратко, но моќно невреме проследено со силен дожд и град го зафати попладнево Скопје, што како и секогаш позади себе остави полни улици со вода, кои моментално наликуваат на мали езера.

Слабите точки на градот по секое невреме се мостовите и надвозниците под кои се собира големо количество на вода која прави проблем на возачите во сообраќајот.
Таква е и моменталната состоба во Бутел, па автомобилите наместо да се движат по улицата, приморани се да се качат на тротоарите и во колони на тој начин да се движат низ градот.