Skip to main content
Македонија

Уличен дефект ги остави без вода корисниците на Рашче и на Буковиќ

19/10/2025  11:03

Од ЈП Водовод и канализација Скопје, известуваат дека поради уличен дефект во селото Рашче, од 9:30 часот без вода ќе бидат жителите на Рашче и Буковиќ.

„Ве известуваме дека на ден 19.10.2025г. поради уличен дефект од Ф-200мм во с.Рашче после школото, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с.Рашче и с.Буковиќ , водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до санирање на дефектот“, стои во објавата на ЈП Водовод и канализација.