Skip to main content
Свет

Украинските сили се повлекоа од Северск

23/12/2025  18:54

Украинските одбранбени сили се повлекоа од населбата Северск во регионот Донецк за да ги зачуваат животите и борбената способност на единиците, но градот сè уште останува под нивна контрола, соопшти Генералштабот на Украина.

„Тешките борби продолжуваат, а руските сили имаат значителна предност во бројност и опрема“, се наведува во соопштението. Украинските единици, и покрај големите загуби, успеале да го исцрпат непријателот и да ја блокираат неговата логистика, спречувајќи понатамошно напредување.

Северск има стратешко значење, бидејќи неговото контролирање им овозможува на руските трупи да напредуваат кон Славјанск-Краматорск и други клучни позиции на линијата на одбрана во Донецк.