Skip to main content
Свет

Украинската војска соопшти дека извршила напад на рускиот воен аеродром Саваслејка

09/06/2025  12:31

Украинските одбранбени сили изминатата ноќ го нападнале аеродромот Саваслејка во Нижниновгородската област на Руската Федерација, пренесоа денеска украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Фејсбук од Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во соопштението е наведено дека ноќта на 9 јуни, единиците на украинските сили за специјални операции во соработка со припадници на други родови на украинската војска го нападнале аеродромот Саваслејка.

Украинската војска денеска соопшти дека во ноќта на нападот онеспособила два авиони на рускиот аеродром Саваслејка.