Skip to main content
Свет

Украинците објавија снимка: „Уништивме четири руски хеликоптери“

24/03/2025  12:00

Украинските сили за специјални операции известија дека, во координација со одбранбеното разузнавање, ракетните сили и артилериските единици, уништиле два хеликоптери Ка-52 и два хеликоптери Ми-8 во регионот Белгород во Русија.

„Како резултат на неодамна спроведената специјална операција, хеликоптерите беа уништени со ракетни напади длабоко во руската територија, каде што Русите воспоставија аеродром“, се вели во соопштението. Украинците изјавија дека во нападот бил користен повеќекратен ракетен фрлач HIMARS.

„Непријателот уште еднаш веруваше дека е безбеден. Уште еднаш докажавме дека ништо не е подалеку од дофат на силите за специјални операции. Продолжуваме да работиме“, додаваат тие.

Инаку, Ка-52 е јуришен хеликоптер кој Русите го користат за извидување и напади на копнени цели. Транспортните хеликоптери Ми-8 се користат од руските сили за транспорт на персонал и товар и за поддршка на копнените операции.