Skip to main content
Свет

Украина бара извинување од Фокс њуз – напишале дека Киев е „руски град“

20/04/2025  18:42

Украина денеска ја повика телевизијата Фокс Њуз да се извини и да спроведе истрага поради тоа што за време на известување од Велигденски богослужби главниот град на земјата Киев го означи како „руски град“.

MK Summit

Како што пренесе Анадолија, повеќе украински медиуми јавија дека Фокс њуз емитувал снимки од Велигденските богослужби што се одржуваат низ целиот свет, вклучително и богослужба во Москва на која присуствувал рускиот претседател Владимир Путин.

Телевизијата, со седиште во Њујорк, исто така, емитувала снимка од богослужбата во главниот град на Украина, кој првично ги означила како „Киев, Украина“.

Сепак, текстот на екранот подоцна се сменил во „Киев, Русија“, и така наводно стоел околу 20 минути пред да биде коригиран.