Skip to main content
Хроника

Украдено службеното Ауди на Општина Аеродром

08/04/2025  12:37

На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на Општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службеното возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено.

Возилото било паркирано во гаража на булеварот „Јане Сандански“, а според пријавата, исчезнало во периодот од 15:30 часот на 4 април до 20:40 часот на 7 април.

По преземени полициски активности, возилото било пронајдено на улицата „Перо Наков“ во Скопје. Сепак, на автомобилот недостасувала една од регистарските таблички.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.