Skip to main content
Хроника

Украдени мобилен телефон и пари во верски објект во Гостивар

03/03/2025  10:32

На 02.03.2025 во 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Г.П.(25) од Република Албанија. Тој се сомничи дека претходно во верски објект во Гостивар одзел мобилен телефон и пари од Б.Т.(29), од с.Долна Бањица, гостиварско.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Г.П. бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.