Skip to main content
Хроника

Украден бакарен лим од кров на црква во Чаир вреден над 150.000 денари

17/03/2026  14:51

На 16.03.2026 во 17:25 часот во СВР Скопје, од Македонската православна црква – Охридска архиепископија е пријавено дека во периодот од февруари 2026 година до пријавувањето, од црквата „Св.Великомаченик Ѓорѓи” на подрачјето на Чаир во Скопје бил одземен бакарен лим од кровот на црквата, при што сторителите се стекнале со  противправна имотна корист од над 150.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.