Skip to main content
Хроника

Украден автомобил ноќеска во Гостивар, бил оставен отклучен и со клуч на брава

11/02/2025  12:35

СВР Тетово информира дека ноќеска 10 минути после полноќ во ОВР Гостивар, А.О.(35) од Равен, гостиварско, пријавил дека претходно околу 23.00 часот на улица „Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар било одземено неговото патничко возило „фолксваген поло“ со гостиварски регистарски таблички, кое било оставено отклучено и со клуч на брава.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возилото.