Skip to main content
Македонија

УКЦ Ниш соопшти каква е состојбата на повредените од пожарот во Кочани таму

25/03/2025  12:12

Тројца пациенти од Македонија лекувани во Универзитетскиот клинички центар во Ниш по пожар во дискотека во Кочани закрепнуваат и нивната здравствена состојба се подобрува, дознава Телеграф од таа здравствена установа.

„Двајца пациенти на возраст од 18 и 24 години, кои од Воената болница се префрлени во Универзитетскиот клинички центар, од одделението за интензивна нега се префрлени на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Нивната здравствена состојба е стабилна. Жената, која е и најтешко повредената пациентка од пожарот во Македонија, која се уште е хоспитализирана на постоперативниот центар на Универзитетот во Ниш е извадена од респиратор и самостојно дише, свесна е, се уште не може да зборува, но е комуникативна“, изјавија за Телеграф од Универзитетскиот клинички центар во Ниш.

Жената која во неделата, веднаш по пожарот, била пренесена од Кочани во Ниш, била примена во Универзитетскиот клинички центар со изгореници кои прекриле околу 25 отсто од нејзината телесна површина и со знаци на изгореници на дишните патишта.

Повредите и се веднаш санирани хируршки и применет е алтернативен респираторен пристап, а пациентката е хоспитализирана на одделението за интензивна нега.

Изввор: Еспресо.рс